Започната операцијата „Киран-4“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 24 септември е ставена во примена операцијата „Киран-4“ во руралните подрачја на градовите Карс, Агри и Игдир земајќи ја како центар областа Чемче-Мадур

1276927
Започната операцијата „Киран-4“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Започната операцијата „Киран-4“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, покрај операциите за борба против тероризмот преку границата, надвор од земјата, на 17 септември беа започнати серијата операции „Киран“ со цел елиминирање на подготовките на сепаратистичко-терористичката организација за зимување во руралните подрачја на градовите Хаќќари, Ширнак, Сиирт и Мардин, пронаоѓање и неутрализирање на терористичките групи пред терористичката организација чија способност е стеснета да премине на зимување, распарчување на командно контролниот систем и уништување на комуникациската мрежа на организацијата, попречување на префрлувањата на терористите помеѓу областите и спречување на испраќање дополнителни терористи.

Во тие рамки, од страна на регионалната команда на жандармеријата во Ерзурум на 24 септември е ставена во примена операцијата „Киран-4“ во руралните подрачја на градовите Карс, Агри и Игдир земајќи ја како центар областа Чемче-Мадур.

Во операцијата во која учествуваат 1.125 воен персонал составени од жандармериски и полициски сили, сили за специјални операции и безбедносни чувари, 75 оперативни тимови, на 25 септември е пронајдена една експлозивна направа од рачна изработка. 

Во операциите „Киран-1“, „Киран-2“ и „Киран“ кои што беа започнати од 17 август и продолжуваат досега се неутрализирани вкупно 48 терористи.

Во овие операции се уништени и 58 пештери, засолништа и складишта, а се запленети и големи количини оружје, муниција, храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Серијата операции „Киран“ ќе продолжат во подрачјата на борба против тероризмот со нивно проширување.



Слични вести