Претседателот Ердоган објави порака по повод 26 септември Празникот на турскиот јазик

Претседателот Ердоган напиша: „Да го издигнеме нашиот турски јазик на уште повисоко ниво како јазик на уметноста, книжевноста, науката и образованието, да му го покачиме угледот, претставува најголема одговорност која што ни се паѓа на сите нас“

1276420
Претседателот Ердоган објави порака по повод 26 септември Празникот на турскиот јазик

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 26 септември Празникот на турскиот јазик во која истакна дека јазикот претставува гаранција на разбирањето, споделувањето, единството и заедништвото меѓу луѓето.

Тој напомена дека турскиот јазик кој се наоѓа меѓу значајните јазици во светот низ вековите бил домаќин на голем број различни цивилизации и бил повод на овие територии да бидат формирани националната култура и националниот идентитет.

Велејќи дека јазикот како потпорен камен на културите и цивилизациите претставува најефикасно средство во пренесувањето на традициите и обичаите од генерација на генерација, Ердоган нагласи дека турскиот јазик којшто е распространет на една пространа географија од внатрешните делови на Азија до централна Европа, и покрај тоа што се дели на различни дијалекти и говори, го претставува каменот темелник на воспоставените силни врски меѓу братските народи. 

Ердоган истакна дека турскиот јазик како јазик на толеранцијата, мирот и љубовта воспоставува неуништиви мостови на емотивна врска меѓу народите кои располагаат со заедничко минато.

„Претставува повод на гордост и понос за турскиот народ тоа што турскиот јазик освен по присуството, богатството на зборови со кое располага, се наоѓа меѓу водечките јазици во светот и од аспект на богатството од народни поговорки и афоризми“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака што ја објави по повод 26 септември Празникот на турскиот јазик и го порача следното: „Да го издигнеме нашиот турски јазик на уште повисоко ниво како јазик на уметноста, книжевноста, науката и образованието, да го заштитиме од инвазијата на странските зборови, да твориме избрани дела и да го покачиме угледот на нашиот турски јазик, претставува најголема одговорност која што ни се паѓа на сите нас.“



Слични вести