Од интензивната програма, средбите и разговорите на претседателот Ердоган во Њујорк, во ОН

Претседателот Ердоган во рамките на својот престој во Њујорк, во САД, по повод 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се состана со 6 шефови на држави и 10 премиери, а оствари и низа други средби и разговори

1276911
Од интензивната програма, средбите и разговорите на претседателот Ердоган во Њујорк, во ОН

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк, во САД, каде што замина и престојуваше за седниците на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), во текот на своите овдешни средби и разговори се состана со 6 шефови на држави и 10 премиери.

Првиот ден од посетата, претседателот Ердоган го прими американскиот сенатор Републиканецот Линдзи Грахам и учествуваше на состанокот на Тркалезната маса во организација на Институтот Исток-Запад.

Водеше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп кој остварува посети во рамките на предизборната кампања по повод престојните претседателски избори, се состана на вечера со претставниците на муслиманската заедница во САД, а на манифестацијата во организација на Турско-американскиот рутирачки комитет се состана со Турците, сонародниците и муслиманите кои живеат во САД.

Претседателот Ердоган, вториот ден од посетата ја прими делегацијата на Асоцијацијата на евреите противници на ционизмот и учествуваше на програмата на традицоналниот ручек на Фондацијата ТУРКЕН каде што им се обрати на гостите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги прими претставниците на еврејската заедница во САД и еврејските граѓани кои живеат во Њујорк и околината, а имаше средби и со белгискиот премиер Шарл Мишел и со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ.

Ердоган истиот ден учествуваше на Самитот за клима на Обединетите нации (ОН), ги прими пакистанскиот премиер Имран Хан и германската канцеларка Ангела Меркел, свечено ја отвори фотографската изложба на доајенот на турската фотографија Ара Ѓулер и овде учествуваше на музичкиот концерт приреден од страна на познатиот турски пијанист Фахир Атакоглу. 

Третиот ден од престојот во Њујорк, во САД, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на отворањето на состаноците на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) каде што имаше и свое обраќање.

Во рамките на своите овдешни билатерални средби и разговори се состана со албанскиот премеир Еди Рама, генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и со британскиот премиер Борис Џонсон.  

Ердоган,  учествуваше и на церемонијата на потпишување на протоколот за соработка помеѓу Алијансата на цивилизациите и Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), се состана со сомалискиот претседател Мухамед Абдулах Фармаџо и ја прими претседателката на Интерпарламентарната унија мексиканската пратеничка Габриела Куевас Барон.

Претседателот Ердоган говореше на седницата за лидерски дилајог на тема „Мега тенденции кои влијаат на ставањето во примена на целите за одржлив развој“, а имаше средба и со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Ердоган, потоа учествуваше на свечениот прием што го приреди американскиот претседател Доналд Трамп по повод Генералното собрание на ОН за светските лидери и претседателите на делегациите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така по својата програма во Генералното собрание на ОН учествуваше на овој свечен прием приреден од страна на претседателот Трамп.

Последниот ден од посетата во Њујорк, во САД, претседателот Ердоган им се обрати на учесниците на манифестацијата на високо ниво на тема „Борба против говорот на омраза“ во заедничка организација на Турција и Пакистан, а оствари и средби со лидерите на некои земји.

Имаше средби со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, ирачкиот претседател Бархам Салих, претседателот на Молдавија Игор Додон, претседателот на претседателскиот совет на Либија Фајез Сараџ, суданскиот премиер Абдалах Хамдок, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и чешкиот премиер Андреј Бабиш, а учествуваше и на трилатералниот состанок Турција-Пакистан-Малезија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше и на гала вечерата на 10. Конверенција за инвестирање Турција, која што се одржа од страна на Турско-американскиот деловен совет.

Ердоган за време на својата посета во Њујорк, во САД, го прими и архиепископот на грчката православна црква во САД Елпидофорос.



Слични вести