Билатерални средби на претседателот Ердоган во ОН во Њујорк

Претседателот Ердоган во Њујорк, во САД, се состана со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и ирачкиот претседател Бархам Салих, а го прими и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

1276429
Билатерални средби на претседателот Ердоган во ОН во Њујорк

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги заврши своите средби и разговори во Њујорк, во САД, каде што престојуваше по повод состаноците на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН). 

Претседателот Ердоган како последно на маргините на Обединетите нации (ОН) се состана со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ. 

Средбата во седиштето на ОН беше затворена за медиумите.

Претседателот Ердоган се состана и со ирачкиот претседател Бархам Салих, а го прими и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Потоа, претседателот Ердоган во раните утрински часови по турско време отпатува од Њујорк и и тргна на пат кон Турција.



Слични вести