Во операцијата „Киран-3“ се неутрализирани 16 терористи од кои двајца од категоријата со сива боја

Во операцијата „Киран-3“ се неутрализирани 16 терористи од кои двајца се наоѓале на списокот на барани терористи во категоријата означена со сива боја

1276006
Во операцијата „Киран-3“ се неутрализирани 16 терористи од кои двајца од категоријата со сива боја

Во рамките на операцијата „Киран-3“ која што беше започната на 21 септември од страна на Министерството за внатрешни работи, се неутрализирани 16 терористи од кои двајца се наоѓале на списокот на барани терористи во категоријата означена со сива боја.

Инаку во рамките на операцијата „Кипар-1“ која што беше започната на 17 август на линијата помеѓу градовите Хаќќари, Ван и Ширнак, „операцијата Киран-2“ започната на 27 август помеѓу Мардин, Батман и Ширнак и операцијата „Киран-3“ која што беше започната на 21 септември на линијата помеѓу градовите Сиирт и Ширнак, досега се неутрализирани вкупно 43 терористи.

Освен тоа во операциите се уништени и 58 пештери, засолништа и складишта, а се запленети и големи количини оружје, муниција, храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести