Реакција од Ибрахим Калин и Фахреттин Алтун против израелскиот премиер Нетанјаху

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин и шефот на Одделот за комуникации во кабинетот Фахреттин Алтун покажаа реакција против зборовите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кои што ги употреби против претседателот Ердоган

1275934
Реакција од Ибрахим Калин и Фахреттин Алтун против израелскиот премиер Нетанјаху

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин покажа реакција на зборовите кои што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги употреби во врска со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Калин во својата објава што ја сподели на социјалната мрежа Твитер на англиски јазик, напиша: „Израелскиот премиер (Нетанјаху) е во жалост поради тоа што претседателот Ердоган со висок глас ја изнесува вистината за окупацијата на Израел над палестинските територии и зулумот што го врши врз палестинскиот народ. Нетанјаху треба да разбере дека претседателот Ердоган кој е гласот на безгласните, ќе продолжи да ги брани угнетените.“

Во меѓувреме, и шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун во споделената објава на Твитер исто така на англиски јазик, напиша: „Бенјамин Нетанјаху кој е потонат до гуша со обвиненија за корумпираност, уште еднаш се обидува од сопствените проблеми вниманието да го сврти на друго место. Зарем нема да биде подобро наместо да напаѓате еден вистински лидер, вашето време да го трошите за подготвување за вашето судско рочиште.“ 

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќаање вчера пред 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации поради зулумот што го врши против палестинскиот народ и политиките на ширење упати остри критики против Израел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Потоа пак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на својата сметка на социјалната сметка Твитер го критикуваше претседателот Ердоган до кого упати неосновани тврдења.



Слични вести