Претседателот Ердоган во Њујорк остварува низа билатерални средби и разговори

Претседателот Ердоган за време на својот престој во Њујорк, во САД, во рамките на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), продолжува да реализира и низа билатерални средби и разговори

1275876
Претседателот Ердоган во Њујорк остварува низа билатерални средби и разговори

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги продолжува своите интензивни официјални билатерални средби и разговори во Њујорк, во САД, каде што престојува по повод седниците на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Во тие рамки, претседателот Ердоган се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, го прими британскиот премиер Борис Џонсон, а се состана и со катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и со сомалискиот претседател Мухамед Абдулах Фармаџо.

Освен тоа Ердоган ги прими и албанскиот премиер Еди Рама и претседателката на Интерпарламентарната унија мексиканската пратеничка Габриела Куевас Барон.

Средбата на претседателот Ердоган со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес беше затворена за медиумите.

Во објавеното соопштение од седиштето на Обединетите нации (ОН) беше истакнато следното: „Генералниот секретар и претседателот Ердоган разменија мислења по прашањето на борбата против климатските промени, при што ги изнесоа своите заеднички грижи и во однос на други прашања, вклучувајќи ги и Сирија, Либија и Кипар.“

Ердоган во Њујорк учествуваше и на церемонијата на потпишување на протоколот за соработка помеѓу Алијансата на цивилизациите и Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

На програмата што се одржа во седиштето на Обединетите нации (ОН), освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, претседателот на Управниот одбор и Извршниот комитет на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Илкер Ајџи и високиот претставник на Алијансата на цивилизациите при ОН Мигуел Моратинос.

Од друга страна, претседателот Ердоган го прими и британскиот премиер Борис Џонсон.

На приемот во седиштето на ОН, затворен за медиумите, присуствуваа и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерката за трговија Рухсар Пекџан, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, шефот на Националната разузнавачка служба Хакан Фидан, шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун и портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин.

Средбите кои што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги оствари со катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и со сомалискиот претседател Мухамед Абдулах Фармаџо пак, исто така во седиштето на ООН, беа одржани зад затворени врати.

Освен тоа, Ердоган ги прими и албанскиот премиер Еди Рама, претседателката на Интерпарламентарната унија мексиканската пратеничка Габриела Куевас Барон, како и италијанскиот премиер Џузепе Конте.

На овие средби затворени за медиумите, претседателот Ердоган го придружуваа министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп по повод Генералното собрание на ОН приреди свечен прием за светските лидери и претседателите на делегациите во хотелот „Lotte New York“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така по својата програма во Генералното собрание на ОН учествуваше на овој свечен прием приреден од страна на претседателот Трамп.



Слични вести