Претседателот Ердоган стана „трендинг топик“ со хаштагот #OurVoiceErdogan

Претседателот Ердоган пред неговото обраќање пред 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, во САД, со отворениот хаштаг #OurVoiceErdogan стана трендинг топик на социјалната мрежа Твитер

1275739
Претседателот Ердоган стана „трендинг топик“ со хаштагот #OurVoiceErdogan

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со Хаштагот #OurVoiceErdogan (Нашиот глас Ердоган) стана „трендинг топик“ (настан за којшто се зборува најмногу) на социјалната мрежа Твитер.

Етикетата  #OurVoiceErdogan (Нашиот глас Ердоган) која што беше отворена пред вчерашниот говор на претседателот Ердоган пред 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, во САД, наиде на голема заинтересираност.

За кусо време оваа етикета се смести на првото место на советското рангирање на листата на „трендинг топик“ и беше споделена од страна на голем број домашни и странски корисници на Твитер.

На споделувањата на различни јазици, а пред се на турски, англиски и арапски од целиот свет, се истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган стои покрај угнетените и загрозените без да прави никаква разлика меѓу нив.

Во споделените објави се вели дека претседателот Ердоган на секоја платформа отворено го изнесува својот приговор против неправдите и неправедностите во меѓународниот систем.



Слични вести