Ердоган во ОН: Не постои недостаток од материјални можности, туку недостаток од милост и емпатија

Претседателот Ердоган истакна дека во основата на безброј проблеми кои што се доживуваат денеска во светот не се наоѓа недостатокот од материјални можности, туку недостатокот од милост и емпатија

1276021
Ердоган во ОН: Не постои недостаток од материјални можности, туку недостаток од милост и емпатија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации престојува во Њујорк, во САД, во рамките на овдешните програми имаше обраќање на седницата за лидерски дијалог на Самитот за Целите за одржлив развој.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција се подготвува да го исчисти источниот дел на реката Еуфрат во Сирија од терористичките организации.

Тој нагласи дека во основата на безброј проблеми кои што се доживуваат денеска во светот не се наоѓа недостатокот од материјални можности, туку недостатокот од милост и емпатија. 

Потсетувајќи дека Турција е во положба на земја која згрижува најголем број бегалци во светот, Ердоган појасни дека за бегалците од кои 3,6 милиони живеат внатре во границите на Турција се потрошени 40 милијарди долари.

Ердоган напомена дека во областите во Сирија коишто се исчистени од терористите беа повторно изградени „кренати на нозе“ училиштата, болниците и инфраструктурните и супраструктурните можности. 

„Сега, со иста цел се подготвуваме да го исчистиме од терористичките организации источниот дел на Еуфрат. Откако ќе се воспостави трајниот мир, и Сиријците во нашата земја, и нашите браќа кои живеат во областите кои што се доведени во безбедна состојба, имаме за цел да бидат сместени таму како единки кои ќе придонесат за изградбата наново на Сирија. И од вас очекуваме да ја дадете вашата поддршка на овие напори кои што ги води Турција во име на целото човештво.“ - рече Ердоган.

Тој информира дека Технолошката банка на ОН чиј домаќин е Турција претставува прва цел за одржлив развој која што е ставена во примена досега и го подвлече следното: „Нашата земја досега како додаток на ветените 10 милиони долари за банката, донесе одлука да достави дополнителен доброволен придонес од 1 милион долари. Овој напор треба да се присвои и поддржува повеќе од страна на меѓународната заедница.“

Потсетувајќи дека Турција е домаќин и на Глобалниот центар на приватниот сектор на програмата за развој на ОН кој се наоѓа во Истанбул, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган порача: „Нашата земја е спремна да ги сподели со секого своите искуства во сферата на партнерството помеѓу јавниот и приватниот сектор.“



Слични вести