Ердоган порача од ОН: Говорот на омраза е најраспространетиот инструмент на непријателството кон исламот

Претседателот Ердоган во своето обраќање во ОН на манифестацијата на високо ниво на тема „Борба против говорот на омраза“ истакна дека говорот на омраз е најраспространетиот инструмент на непријателството кон исламот, кое што е во подем

1276335
Ердоган порача од ОН: Говорот на омраза е најраспространетиот инструмент на непријателството кон исламот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк, во САД, кадешто престојува по повод 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се обрати на манифестацијата на високо ниво на тема „Борба против говорот на омраза“ во заедничка организација на Турција и Пакистан.

Ердоган истакна дека говорите на омраза се нормализираат во изјавите кои што ги даваат политичарите кон внатрешната и надворешната јавност преку социјалните медиуми во текот на целиот ден и напомена дека говорот на омраз е најраспространетиот инструмент на непријателството кон исламот кое што е во подем. 

Велејќи дека за жал тие кои се најмногу подложени на говорот на омраза денес се муслиманите, Ердоган привлече внимание дека муслиманските жени само поради тоа што носат превез се подложени на вознермирување на улица, на пазар и во работните места.

„Говорот на омраза го проколнувам уште еднаш и од овде. Говорот на омраза никако не треба да се стави под заграда (да се третира како) на слободата на мислење.“ - порача Тој.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ја поддржува идејата за формирање на база на податоци во Обединетите нации, во врска со говорот на омраза и рече: „Моментално Кашмир е претворен речиси во затвор под отворено небо. На сите државни институции им припаѓаат значајни задачи по ова прашање (Кашмир). Треба да бидат доведени во поефикасна состојба конкретните иницијативи кои што се реализираат и меѓу државите и кај меѓународните организации на регионално и глобално ниво.“

Подвлекувајќи го тоа дека претставува многу голема клевета и неморал поистоветувањето на тероризмот со исламот, религијата на мирот, Ердоган нагласи дека не е можно да се прифати такво нешто. 

„Ние како Турција ќе продолжиме да бидеме предводници во напорите во правец на ефикасната борба против непријателството кон исламот, расизмот и говорот на омраза кои што се во подем.“ - рече Ердоган.

Појаснувајќи дека во периодот кога ја извршувал функцијата премиер при преминување од Израел во Палестина, каде што бил во официјална посета, на границата бил задржан и приморен да чека половина час, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Тоа е приодот на Израел кон државните лидери. За оној кого го сакаат вратите се отворени, за оној кого не го сакаат вратите се затворени. Никогаш не се искрени.“



Слични вести