Втора заедничка копнена патрола на Турција и САД во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и единиците на Соединетите Американски Држави (САД) во рамките на применувањето на првата фаза на безбедната зона во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, денеска ја започнаа втората заедничка копнена патрола

1275031
Втора заедничка копнена патрола на Турција и САД во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија

Во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија започна втората заедничка турско-американска копнена патрола.

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и единиците на Соединетите Американски Држави (САД) во рамките на применувањето на првата фаза на безбедната зона во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, денеска ја започнаа втората заедничка копнена патрола.

Конвојот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) составен од 4 оклопни возила со турски знамиња, на 15 километри источно од населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа ја премина границата за да учествува во втората заедничка копнена патрола и се сретна со воениот конвој на САД.

Воените единици на Турските вооружени сили (ТВС) и на САД ќе реализираат копнена патрола во руралното подрачје на Тел Абјад во источниот дел на реката Еуфрат.

Случувањата на нулта точката на турско-сириската граница се следи од страна на голем број претставници на печатот.

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и воените единици на Соединетите Американски Драви (САД) претходно реализираа 6 заеднички хеликоптерски летови и една заедничка копнена патрола во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија.

Реализираната прва заедничка турско-американска копнена патрола на 8 септември траеше приближно 3 часа.



Слични вести