Претседателот Ердоган говореше на Самитот за климатска акција пред Генералното собрание на ОН

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е во положба на лидерска земја во својот регион во сферата на изворите на обновлива енергија

1274902
Претседателот Ердоган говореше на Самитот за климатска акција пред Генералното собрание на ОН
Erdogan-İklim
Erdogan-iklim-2
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Самитот за Климатска акција што се одржа во рамките на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД). 

Овде Ердоган истакна дека Турција е во положба на лидерска земја во својот регион во сферата на изворите на обновлива енергија.

Тој рече: „Ние сме една од ретките земји кои ги прошируваат своите шуми. Во последните 17 години засадивме повеќе од 4 милијарди фиданки. На 11 ноември ќе заседаме уште 11 милиони фиданки.“ 

Нагласувајќи дека Турција е во положба на лидерска земја во својот регион во сферата на изворите на обновлива енергија, Ердоган подвлече дека повеќе од 30 отсто од електричната енергија се обезбедува од обновливи извори на енергија.

Тој воедно додаде дека и процентот на користење на пластични ќесиња во Турција е намален за три четвртини.

Велејќи „Во нашата земја постигнавме значаен развој по прашањето на управувањето со отпадот, технологијата пријател на климата и искористувањето на изворите на енергија“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор го додаде следното: „Без да се откажеме од нашите цели за развој ги ставаме во примена политиките за усогласување со климатските промени и издржливост против елементарните непогоди.“



Слични вести