Благодарност од американскиот претседател Трамп до претседателот Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп говореше на состанокот по име „Глобален повик за одбрана на верските слободи“ што се одржа во седиштето на ОН во Њујорк и во оваа пригода му се заблагодари на претседателот Ердоган за свештеникот Брансон

1274930
Благодарност од американскиот претседател Трамп до претседателот Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари за свештеникот Брансон, на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кого го нарече „моќен човек“.

Трамп говореше на состанокот по име „Глобален повик за одбрана на верските слободи“ што се одржа во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк каде што се одржуваат седниците на годинашното 74. заседание на Генералното собрание на светската органзиација.

Доналд Трамп во своето обраќање се осврна на процесот на пуштање на слобода на американскиот свештеник Ендрју Крејг Брансон кој беше уапсен во 2016 година со тврдење дека е поврзан со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО), во врска со што рече: „Минатата година по кусото и учтиво преговарање со еден многу моќен човек го донесовме свештеникот Брансон дома и потоа станавме другари со турскиот претседател Ердоган.“ 

Велејќи дека го побарал претседателот Ердоган и му рекол дека Брасон е невин, американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Ердоган.“



Слични вести