Билатерални средби на претседателот Ердоган на маргините на 74. заседание на ОН во Њујорк

ретседателот Ердоган одржа одделни средби со белгискиот премиер Шарл Мишел, претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ, пакистанскиот премиер Имран Хан и со германската канцеларка Ангела Меркел

1275075
Билатерални средби на претседателот Ердоган на маргините на 74. заседание на ОН во Њујорк
Erdogan-Charles Michel.jpg
Erdogan-Zeljko Komsic.jpg
Erdogan-İmran Han.jpg
Erdogan-Angela Merkel.jpg
erdogan abd yahudi kurulus temsilcileri.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  кој по повод седниците на 74. заседание на Генералното собрание на ОН престојува во Њујорк, во САД, во овие рамки остварува и низа билатерални средби и разговори со лидерите на земјите кои учествуваат на овој значаен настан.

Претседателот Ердоган одржа одделни средби со белгискиот премиер Шарл Мишел, претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ, пакистанскиот премиер Имран Хан и со германската канцеларка Ангела Меркел

Сиве овие остварени средби во седиштето на ОН во Њујорк беа затворени за медиумите.

На средбите присуствуваа и министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерката за трговија Рухсар Пекџан, потоа претседателот на Комисијата за надворешни работи при Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Волкан Бозкир, шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседател Фахреттин Алтун и портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги прими и претставниците на Еврејските здруженија во САД и еврејските граѓани кои живеат во и околината на Њујорк.

Овој прием се одржа во хотелот во кој претстојува претседателот Ердоган и беше затворен за медиумите.

 

 



Слични вести