Во експлозија во северниот дел на Ирак загинаа двајца турски војници

Во моментот на поминување на турски конвој за снабдување во северниот дел на Ирак е експлодирана експлозивна направа од рачна изработка поставена на патот од страна на терористите на ПКК и во експлозијата животот го загубија двајца турски војници

1274629
Во експлозија во северниот дел на Ирак загинаа двајца турски војници

Во експлозија на експлозивна направа од рачна изработка поставена од страна на терористите членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, загинаа двајца турски војници.

Во објавеното соопштение од Министерството за нацонална одбрана се истакнува дека во моментот на поминување на турскиот конвој за снабдување во северниот дел на Ирак е експлодирана експлозивна направа од рачна изработка поставена на патот од страна на сепаратистичките терористи на ПКК.

Во соопштението се нагласува дека во експлозијата животот го загубија двајца турски војници и дека операциите во подрачјето продолжуваат.

Во соопштението се вели и следното: „На нашите честити шехиди кои ги загубија своите животи во овој настан којшто не облеа во тага и жалост им посакуваме милост од Аллах и го изразуваме нашето сочувство до нивните семејства облеани во тага, Турските вооружени сили и големиот турски народ.“



Слични вести