Во Баку започна заедничка воена вежба на Турција, Азербејџан и Грузија

Во Баку, започна заедничката воена вежба „Кавкаски орел-2019“ на која учествуваат специјални сили на Турција, Азербејџан и Грузија

1274874
Во Баку започна заедничка воена вежба на Турција, Азербејџан и Грузија

Во главниот град на Азербејџан, Баку, започна заедничка воена вежба на која учествуваат специјални сили на Турција, Азербејџан и Грузија. 

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, на воената вежба по име „Кавкаски орел-2019“ со учество на воздушни летала ќе бидат реализирани задачи како што се уништување на импровизирани цели, спасување на заложници и евакуација на ранети.

Воената вежба на која во својство на посматрачи учествуваат и пакистански војници, ќе заврши на 1 октомври. 



Слични вести