Претседателот Ердоган: Турција е одлучна да му го покаже на целиот свет внатрешното лице на ФЕТО

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е одлучна да му го покаже на целиот свет внатрешното, вистинско лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1274309
Претседателот Ердоган: Турција е одлучна да му го покаже на целиот свет внатрешното лице на ФЕТО
Cumhurbaşkanı Erdoğan New York ABD.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan New York.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод седниците на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) престојува во Њујорк, во САД, ги започна своите овдешни средби и разговори.

Во тие рамки претседателот Ердоган учествуваше на состанокот на тркалезната маса во Институтот Исток-Запад во организација на Турско-американскиот рутирачки комитет каде што им се обрати на Турците, сонародниците и муслиманите кои живеат во САД.

Ердоган се осврна на иницијативите коишто се водат во врска со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која е одговорна за обидот за воен удар на 15 јули 2016 година.

Тој истакна дека Турција е одлучна да му го покаже на целиот свет внатрешното, вистинско лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

„Ги реализиравме и ќе продолжиме да ги реализираме неопходните иницијативи за екстрадиција на челникот на ФЕТО и за целосно завршување на сите нејзини активности во САД. Со ваши заслуги ќе ја симнеме маската на оваа терористичка организација.“ - порача претседателот Ердоган.

Упатувајќи повик до муслиманите кои живеат во САД, Ердоган напомена дека терористичките организации како што се ДЕАШ и ФЕТО работат како подизведувачи на империјалистите.

Тој рече: „Многу добро знаеме дека во пролевањето на секоја капка муслиманска крв се наоѓа прстот на оние кои во име на одбрана на своите интереси им испраќаат шлепери полни со оружје на терористичките организации и го претвораат нашиот регион во пламен.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им се обрати и на младите во Фондацијата ТУРКЕН каде што меѓу другото го подвлече следното: „Немојте никако да ги предадете некому вашите умови и срца како оние предавници кои ноќта на 15 јули фрлаа бомби врз сопствениот народ.“

Претседателот Ердоган нагласи дека Турција како држава стои покрај сите млади.



Слични вести