Емине Ердоган во Њујорк се состана со жените претставнички на муслиманската заедница во САД

Госпоѓа Емине Ердоган укажа на тоа дека муслиманите треба да бидат повеќе во единство, а воедно ја нагласи потребата да се води заедничка борба против исламофобијата и расизмот кои што се во подем во Америка, по 11 септември

1274519
Емине Ердоган во Њујорк се состана со жените претставнички на муслиманската заедница во САД

Сопругата на претседателот Реџеп тајјип Ердоган, Емине Ердоган, во Њујорк во рамките на седниците на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се состана со жените претставнички на американската муслиманска заедница.

Госпоѓа Емине Ердоган во говорот што го одржа овде го изнесе задоволството од средбите кои што ги остварува со муслиманските заедници од сите страни на светот. 

Нагласувајќи дека заболените мисли како расизмот, кои што го водат човештвото кон омраза исчезнуваат во оној дух на исламот исполнет со спокојство и мир, Емине Ердоган истакна дека поради исламофобијата која е во брз подем во светот муслиманите се етикетирани како „другиот“, т.ј. отуѓувани или маргинализирани.  

Таа рече: „Муслиманите се споменуваат по тероризмот, зулумот (насилството- врз жената, војната. Некои културни применувања кои што никако не ги одобруваме се презентираат како 'исламска религија' и се користат против муслиманите.“

Емине Ердоган укажа на тоа дека муслиманите треба да бидат повеќе во единство, а воедно ја нагласи потребата да се води заедничка борба против исламофобијата и расизмот кои што се во подем во Америка, по 11 септември.

„Олимписката спортистка Ибтихаџ Мухамед претставува гордост за сите нас. Малколм икс не охрабрува сите. Мухамед Али беше нашиот јунак прекуокеанот. Сега пак, е извор на инспирација за моите внуци. Односно животот, борбата на сите нас е поврзано меѓусебно како треперењето на крилјата на пеперутата. Затоа треба да ги развиеме нашите односи.“ - порача Емине Ердоган.

Госпоѓа Емине Ердоган на крајот од својот говор ги покани присутните во Турција и особено упати повик до младите да дојдат да студираат во Турција и да го доживеат ова искуство.



Слични вести