Продолжуваат операциите против терористите и внатре во земјата и надвор преку границата

Во реализирана воздушна операција на областа Хафтанин во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи, а во операција внатре во границите на земјата во руралното подрачје на Первари кај Сиирт се неутрализирани 5 терористи на ПКК

1273992
Продолжуваат операциите против терористите и внатре во земјата и надвор преку границата

Во реализирана прекугранична воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Продолжува операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што беше започната на 27 мај против терористите во северниот дел на Ирак.

Во рамките на операцијата „Шепа-3“ („Pençe-3“) е реализирана воздушна операција на областа Хафтанин во која се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Воедно и во антитерористичките операции кои што продолжуваат и внатре во границите на земјата во реализирана операција поддржана од воздух од страна на градската команда на жандармеријата во руралното подрачје на населеното место Первари кај градот Сиирт се неутрализирани 5 терористи.

Операциите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести