Од Фахреттин Алтун до САД: Американци, ако верувате дека ФЕТО претставува проблем само на Турција, се лажете!

Фахреттин Алтун истакна дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) не претставува проблем само на Турција, туку е проблем и на Соединетите Американски Држави (САД)

1274128
Од Фахреттин Алтун до САД: Американци, ако верувате дека ФЕТО претставува проблем само на Турција, се лажете!

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната медија Твитер на англиски јазик укажа на опасноста којашто Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) ја претставува за јавноста во Соединетите Американски Држави (САД). 

Алтун истакна дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) не претставува проблем само на Турција, туку е проблем и на Соединетите Американски Држави (САД). 

Фахреттин Алтун во својата порака напиша: „Драги Американци, ако верувате дека ФЕТО претставува проблем само на Турција, се лажете. Оваа злобна организација, откако почна да ги проневерува даноците коишто ги плаќаат американските даночни обврзници стана и ваш многу голем проблем. Внимавајте, тие се секаде!".

Алтун во својата објава сподели и видео во кое се раскажува за активностите на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), се истакнува дека челникот на ФЕТО кој за остварување на својата злобна политичка агенда е одлучен да го уништи светот и дека во целиот свет ја контролира до нејзините капиларни крвни садови ѓаволската мрежа западната во криминал.

Во видеото се раскажува дека ФЕТО на 15 јули 2016 година изврши обид за воен удар, ги измасакрира цивилите, го бомбардираше Собранието и изврши обид за атентат врз претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а воедно се нагласува дека злонамерните активности на терористичката организација не се ограничени со Турција.

Се укажува дека кога ќе се размисли мрежата на ФЕТО во САД ќе се установи дека таа е поактивна во оваа земја и се појаснува дека ФЕТО им дава мито на политичарите во САД и добива поддршка благодарение на овој поредок на корупција.

Во видеото им се одделува место на примери од вести во медиумите на САД во врска со незаконските активности на ФЕТО и нејзиниот челник и се привлекува внимание дека терористичката организација како метод на заработка на значајни суми пари отвора свои чартер школи во САД.

Се укажува на тоа дека училиштата на ФЕТО се познати по тоа што им се всадуваат радикални мисли на учениците и се прави дискриминација меѓу учениците, се нагласува дека ФЕТО е дволична структура чие едно лице на изглед како да го поддржува образованието, а другото лице го преттсавува нејзиното мрачно лице.

Видеото завршува со следното предупредување кое што се упатува до јавноста во САД во врска со ФЕТО која е мошне талентирана за манипулирање на системот: „Тие ја кријат својата вистинска агенда. Не се залажувајте. Не дозволувајте со фондовите на американските даночни обврзници да се финансира една криминална организација. Сметајте ги за одговорни луѓето кои ги штитат нив. Опасноста е реална. Заканата е поблиску отколку што мислите. Внимавајте, тие се секаде!“



Слични вести