Ердоган: Ние сакаме да бидеме производител во процесот на технолошка трансформација, а не пазар на новите технологии

Претседателот Ердоган истакна дека ТЕКНОФЕСТ Истанбул оваа година собори рекорд по бројот на учесници од 122 земји и рече: „Ние сакаме да бидеме производител во процесот на технолошка трансформација, а не пазар на новите технологии“

1273749
Ердоган: Ние сакаме да бидеме производител во процесот на технолошка трансформација, а не пазар на новите технологии
erdogan.jpg
erdogan.jpg
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска учествуваше на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул, најголемата технолошка нанифестација на Турција, којшто се одржува на Аеродромот Ататурк, а со поддршка на значајни државни институции, фирми и компании на Турција предводени од Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и Министерството за индустрија и технологија.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде го изрази своето задоволство од тоа што оваа година е зголемена неколкукратно заинтересираноста за учество на ТЕКНОФЕСТ Истанбул којшто започна на 17 септември во вторник, а ќе заврши на 22 септември во недела (утре).

Тој истакна дека ТЕКНОФЕСТ Истанбул оваа година собори рекорд по бројот на учесници од 122 земји.

„Минатата година нашата манифестација беше реализирана со 4.200 екипи, 20.000 натпреварувачи и 2.500 финалисти во 16 категории. Оваа година пак, со 19 сфери на натпревари и во дополнителни 6 нови категории се пријавени приближно 17.400 екипи и 2.000 финалисти, 50.000 натпреварувачи и со 10.000 финалисти, од сите наши вкупно 81 град од земјата и со учесници од 122 земји ТЕКНОФЕСТ собори рекорд.“ - рече Ердоган.

Обраќајќи им се на граѓаните кои дојдоа денеска на ТЕКНОФЕСТ Истанбул, претседателот Ердоган рече: „Ние сакаме да бидеме производител во процесот на технолошка трансформација, а не пазар на новите технологии.“

На ТЕКНОФЕСТ Истанбул денеска учествуваше и министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков.

Од друга страна, на оваа тенолошка манифестација за време на која се преземени засилени безбедносни мерки учествуваат голем број граѓани на секоја годишна возраст од Истанбул и од сите места на Турција.

Така денеска Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул го посети и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој овде беше пречекан од страна на голем број граѓани.



Слични вести