Ердоган: Ги завршивме сите подготовки на границата за операција против ЈПГ/ПКК на северот на Сирија

Претседателот Ердоган истакна дека се завршени сите подготовки на границата по прашањето на операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Сирија

1273863
Ердоган: Ги завршивме сите подготовки на границата за операција против ЈПГ/ПКК на северот на Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во попладневните часови пред да замине за Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) одржа прес конференција во Аеродромот Ататурк во Истанбул.

Ердоган овде истакна дека се завршени сите подготовки на границата по прашањето на операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Сирија.

Тој рече: „На првиот ден од разговорите, на 24 септември во вторник, ќе се обратам пред Генералното заседание на Обединетите нации (ОН). Во моето обраќање ќе ги изнесам нашите погледи во однос на основните прашања во врска со меѓународниот мир и безбедноста кои што се наоѓаат на дневниот ред на ОН.“

Ердоган истакна дека за кандидат за должноста претседател на 75. Генерално заседание на Обединетите нации (ОН) за периодот септември 2020-септември 2021 година е истакнат амбасадорот Волкан Бозкир.

Нагласувајќи дека Турција е стратешки партнер со САД, претседателот Ердоган: „Заедно сме во НАТО, долги години апсолутно сме го продолжиле ова наше стратешко партнерство. Ние и сега сме на истата точка. Не поскауваме да дојдеме наспроти САД. Меѓутоа, не би можеле да имаме луксузност и ние да ја изоставиме од вид поддршката којашто САД моменатално им ја даваат на терористичките организации во место каде што не се поканети. Односно сосема е јасна поддршката којашто им ја даваат на терористичките организации како ЈПГ/ПКК.“

Во врска со чекорите коишто се фрлаат кон источниот дел на реката Еуфрат, претседателот Ердоган рече: „Ќе ги исчистиме од овие места од терористичките организации кои не вознемируваат, предизвикуваат тешкотии во нашиот регион. Верувам дека чекорите коишто ќе ги фрлиме во овој регион, северниот и североисточниот дел на Сирија, во сериозна смисла ќе го сркшат 'рбетот на терористичките организации.“

Нагласувајќи дека ионака во регионот терористичката организација ДЕАШ е дојдена во точка на уништување, Ердоган рече: „Сега пак е изнесена една измислена организација. Името и е Сириски демократски сили. Односно СДФ. Всушност тоа е измама. Односно тоа е затскрила. И таа нема никаква разлика од ПЈД и ЈПГ. Можеме да ја наречеме и шаторска терористичка организација.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека прашањето со противвоздушно одбранбениот ракетен систем Патриот со САД не е кренато од масата.

Ердоган го критикуваше Советот за безбедност на Обединетите нации СБ на ОН) и порачувајќи дека „светот е поголем од пет“ напомена дека тоа би требало да биде предуслов на целото човештво, на членките на Генералното заседание на Обединетите нации (ОН), а не само на Турција.

„(Советот за безбедност на Обединетите нации) Не е во состојба да го реши израелското прашање. Местото до кое сме дојдени од 1948 година се гледа. Израел не ги признава одлуките на ОН. Нека ни одговорат  за тоа. Израел од 1948 година, мислам на територијата, дали тоа денес е истиот Израел?“

Упати критики кон Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), порачувајќи дека „светот е поголем од пет“ - алудирајќи на петте постојани членки на СБОН.

„Не се во состојба да решат едно израелско прашање. На сите им е познато на која точка сме денес. Израелското прашање не е решено. Израел не ги признава одлуките на ОН. Нека ни одговорат на тоа. Израел од 1948 година, мислам на територијата, дали тоа денес е истиот Израел?“



Слични вести