Турција повторно ги предупреди кипарските Грци во однос на континенталниот гребен

Портпаролот на МНР Аксој во врска со вестите околу тоа дека Јужната кипарско-грчка управа потпишала договор со меѓународни компании за т.н. лиценца за парцелата број 7, рече дека еден дел од оваа парцела е во границите на турскиот континентален гребен

1273128
Турција повторно ги предупреди кипарските Грци во однос на континенталниот гребен

Турција, повторно предупреди во однос на тоа дека ослонувајќи се на неважечките лиценци (дозволи) кои што ги издава Јужната кипарско-грчка управа не можат да се реализираат никакви активности за истражување јаглеводородни ресурси, во границите на турскиот континентален гребен. 

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксојк даде писмен одговор на едно поставено прашање до Министерството во врска со вестите околу тоа дека Јужната кипарско-грчка управа потпишала договор со меѓународни компании за издадената таканаречена лиценца за зоната т.ј. парцелата број 7.

Аксој рече: „Еден дел од издадената таканаречена лиценца за зоната т.ј. парцелата број 7, како што привлековме внимание, укажавме и безброј пати тоа го споделивме со меѓународната јавност и претходно, се наоѓа во границите на континенталниот гребен на нашата земја, што пак е заведено и кај Обединетите нации (ОН).“

Хами Аксој напомена дека Турција како досега така и во иднина во никој случај нема да им дозволи на ниту една земја, компанија или брод без дозвола да реализира активности за истражување или вадење на јаглеродовородни ресурси во зоните кои спаѓаат во нејзина надлежност и ќе продолжи да ги презема неопходните мерки за одбрана на своите права и интереси.

Портпаролот Хами Аксој подвлече дека Турција продолжува да ги доставува своите силни предупредувања во однос на тоа дека едностраните активности на Јужната кипарско-грчка управа со кои се има за цел да им се одземат насилно правата на кипарските Турци, не придонесуваат за мирот и стабилноста во Источниот Медитеран.

 

 



Слични вести