Хулуси Акар: Ако дојде до одолговлечување преговорите ќе завршат, нашите Б и Ц планови се готови

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со активностите за формирање безбедна зона со САД во северниот дел на Сирија, истакна дека ако дојде до одолговлечување на процесот преговорите ќе завршат и дека плановите Б и Ц на Турција се готови

1272979
Хулуси Акар: Ако дојде до одолговлечување преговорите ќе завршат, нашите Б и Ц планови се готови

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите учествуваше на церемонијата по повод Денот на газиите (ветераните) што се одржа во зградата на Министерството.

Во говорот што го одржа во оваа пригода, министерот Хулуси Акар во врска со активностите за формирање безбедна зона со Соединетите Американски Држави (САД) во северниот дел на Сирија, истакна дека Турција има за цел да се формира безбедна зона, мировен коридор, во источниот дел на реката Еуфрат во длабочина од 30-40 километри и да биде исчистен од тешко оружје и терористите.

Акар рече: „Преговорите и заедничките работи ќе ги продолжиме се додека се во согласност со нашите цели. Ако дојде до задоцнување овие активности ќе завршат.“ 

Велејќи „Во правец на информациите и директивите на нашиот претседател, ние уште од почетокот отворено ги изнесовме до нашите соговорници нашите намери, принципи и цели“, министерот Хулуси Акар својот говор го продолжи со следните зборови: „Ги следиме одблизу изјавите на САД. Знаеме за она коешто го направија претходно во Менбич, во Рака, не сакаме да се повторат уште еднаш истите работи. Преговорите и заедничките работи ќе ги продолжиме се додека се во согласност со нашите цели. Ако дојде до задоцнување овие активности ќе завршат. Ние ги направивме нашите подготовки. Ако затреба готови се и нашите Б и Ц планови.“ 

Акар го нагласи и тоа дека Турција ги почитува политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија и рече: „Овде апсолутно нема да дозволиме да се формира терористички коридор. Нашата конечна цел е да се стави крај на присуството на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ во северниот дел на Сирија, овде да се формира мировен коридор и да се обезбеди нашите гости од Сирија кои престојуваат во нашата земја да се вратат назад на сопствените територии.“ 

Велејќи дека продолжува и операцијата „Шепа“ („Pençe“) во северниот дел на Ирак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Сега ја прошируваме и операцијата „Шепа-3“ („Pençe-3“). Нашите командоски единици се во подрачјето. Нашите операции ќе продолжат.“

Од друга страна, Акар напомена дека Турција презентира принципиелен став во правец на праведното споделување на изворите во Источниот Медитеран и го додаде следното: „ Онака како што ги одбранивме правата на нашите кипарски браќа во 1974 година, и денеска стоиме на иста одлучност. Ние како гаранторска земја ќе продолжиме да ги браниме ѝ нашите сопствени права ѝ правата на нашите кипарски браќа, во рамките на меѓународното право.“



Слични вести