Ердоган: Ги браниме правата на кипарските Турци и на островот и во Источниот Медитеран

Претседателот Ердоган истакна дека оние кои мислат оти богатствата на островот и во регионот им припаѓаат само ним, како денеска така и во иднина ќе ја најдат пред себе одлучноста на Турција и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1273445
Ердоган: Ги браниме правата на кипарските Турци и на островот и во Источниот Медитеран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати порака до панелот „Последниот збор на Кипар“ којшто се одржува во Анкара.

Ердоган изрази уверување дека панелот којшто се организира во период кога растат нападите против интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран ќе даде значајни придонеси во борбата за правичност, право и правда која што ја води Турција на меѓународни платформи. 

Тој во својата порака истакна дека оние кои мислат оти богатствата на островот и во регионот им припаѓаат само ним, како денеска така и во иднина ќе ја најдат пред себе одлучноста на Турција и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

„Онака како што ги браниме нашите интереси како Турција со иста одлучност ги браниме и правата на кипарските Турци на островот и во Источниот Медитеран. Оние кои мислат дека богатствата на островот и во регионот им припаѓаат само ним, како денеска така и во иднина ќе ја најдат пред себе одлучноста на Турција и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака.

 



Слични вести