Членот на кралското семејство на Романија принцот Раду престојуваше во посета на Турција

Членот на кралското семејство на Романија принцот Раду беше примен кај претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, се состана со министерот за национално образование Зија Селчук, а оствари и други средби и разговори

1273570
Членот на кралското семејство на Романија принцот Раду престојуваше во посета на Турција

Членот на кралското семејство на Романија принцот Раду престојуваше во посета на Турција.

Според добиени информации од дипломатски извори, романскиот принц Раду за време на неговата остварена посета на Турција од 16 до 20 септември оствари низа средби и разговори во Анкара.

Во тие рамки, членот на кралското семејство на Романија принцот Раду беше примен кај претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, а оствари средба и со министерот за национално образование Зија Селчук.

Романскиот принц Раду воедно се состана и со претседателот на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ Керем Киник, како и со претседателот на Параолимпискиот комитет на Турција Јавуз Коџаомер.

Инаку, принцот Раду привлекува внимание особено со неговите активности кои што ги води во сферите на културата, образованието и спортот, а исто така одигрува активна улога и во активностите за социјална помош.



Слични вести