Сочувство од Турција до Либерија поради загинатите во пожарот во школски интернат

Во соопштението на МНР на Турција се вели аследното: „На загинатите во пожарот им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните блиски, либерискиот народ и либериската влада, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување“

1272180
Сочувство од Турција до Либерија поради загинатите во пожарот во школски интернат

Турција го изрази своето сочувство до западноафриканската држава Либерија поради загинатите во пожарот што се случи вчера во еден школски интернат во оваа земја.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се вели следното: „Со големо жалење е дознаено за пожарот во еден школски интернат во Пајнесвил во Либерија каде што учеле муслимански ученици и во кој животот го загубија голем број ученици. На загинатите во пожарот им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните блиски, либерискиот народ и либериската влада, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, во пожарот што се случи вчера во еден школски интернат за учење Куран во областа Пајнесвил во близина на главниот град на Либерија, Монрови, беше соопштено дека животот го загубија најмалку 30 лица.



Слични вести