Чавушоглу учествуваше на отворањето на канцеларијата на Турскиот совет во Будимпешта

Со учество на министрите за надворешни работи на Турција, Унгарија, Киргистан, Азербејџан и Казахстан, денеска во Будимпешта свечено е отворена промотивната канцеларија на Турскиот совет (Турскиот кенеш)

1272857
Чавушоглу учествуваше на отворањето на канцеларијата на Турскиот совет во Будимпешта
Türk Keneşi8.jpg
Türk Keneşi11.jpg
Türk Keneşi10.jpg
TK-2.jpg
Turk kenesi macaristan1.jpg
Turk kenesi macaristan2.jpg

Денеска во главниот град на Унгарија, Будимпешта, свечено е ставена во услуга промотивната канцеларија на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет или Турскиот кенеш-Türk Keneşi).

На програмата на свечено отворање која што се одржа во Будимпешта  учествуваа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Киргистан Чингиз Ајдарбеков, министерот за надворешни работи на Азербејџан Елмар Мемедјаров, министерот за надворешни работи на Казахстан Мухтар Тлеуберди и генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа овде рече: „Ова е ден на гордост за народите кои зборуваат на турски јазик и за нас, бидејќи со отворањето на оваа канцеларија се зголемува уште повеќе значењето на Турскиот совет. Ова семејство расте, многу е значајна улогата на Турскиот совет особено во сферите на царините, трговијата и инфраструктурата.“

Велејќи дека односите помеѓу Турција и Унгарија се извонредни, Чавушоглу се осврна на тоа дека Унгарија презеде една значајна улога по прашањето на заживување на старите традиции.

Тој појасни дека отворањето на канцеларијата на Турскиот совет (Турскиот кенеш) претставува показател дека се споделуваат истите вредности со Унгарија и продолжи со следните зборови: „Турскиот совет, не само односите меѓу туркофонските земји, ќе ги зајакне односите и со Унгарија. Верувам дека канцеларијата, ќе ги зацврсти и односите меѓу Турскиот свет и европските народи и институции, ќе ја зголеми интеракцијата меѓу бизнисмените кои делуваат на двете географии (простори).“

Азербејџанскиот министер за надворешни работи на Азербејџан Елмар Мемедјаров пак, го изрази задоволството поради чекорите кои што ги фрла Унгарија за зајакнување на своите односи со Турскиот совет.

Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто, рече дека неговата земја отсекогаш се залага за соработка меѓу Истокот и Западот и дека тоа го докажува и одлуката на Турскиот совет за отворање на своја канцеларија во Будимпешта.

Министерот за надворешни работи на Киргистан Чингиз Ајдарбеков, исто така изрази уверување дека канцеларијата во Будимпешта ќе биде корисна за зајакнување на односите меѓу Турскиот совет и Унгарија.

Министерот за надворешни работи на Казахстан Мухтар Тлеуберди пак, потсети дека Унгарија минатата година стана членка набљудувач во Турскиот совет, додека денеска е отворена канцеларијата на Турскиот совет во Европа.

Генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев исто така во својот говор напомена дека со отворената канцеларија во Будимпешта Турскиот совет стана уште поголем, зајакна и дека денеска е историски момент.



Слични вести