Турција е отворена за понуда за купување на ракетниот систем Патриот, но нема да се откаже од С-400

Главната советничка во кабинетот на претседателот Ѓулнур Ајбет на еден панел во Вашингтон рече: „Ние сме отворени за понуда во врска со Патриотите, меѓутоа тоа никако не значи дека ќе се откажеме од С-400“

1271464
Турција е отворена за понуда за купување на ракетниот систем Патриот, но нема да се откаже од С-400

Главната советничка во кабинетот на претседателот професор доктор Ѓулнур Ајбет, говореше на панелот под наслов „Регионалната одбранбена, енергетска и економска перспектива на Турција“ што се одржа во Вашингтон во САД, во заедничка организација на Турската фондација за наследство (THO) и Американскиот совет за меѓународни односи (WACA).

Ѓулнур Ајбет истакна дека Турција е отворена за понудата на ракетниот систем Патриот, но напомена дека тоа не значи дека ќе се откаже од ракетниот систем С-400.

Велејќи дека во безбедносните политики на Турција всушност веќе долго време како се дискутира за пропустот во противвоздушно одбранбениот систем, како значајно прашање, Ајбет потсети дека Турција пред Русија водеше разговори и со други земји, а пред се со САД.

Ѓулнур Ајбет напомена дека Турција го продолжува приодот за изградба на сопствениот нациоанлен противвоздушно одрбанбен систем и дека од тој аспект му се придава значење на прашањето на трансферот на технологија за што се разговара со заинтересираните земји.

„Турција го избра С-400 бидејќи беше понуда којашто одговори на потребите во одреден временски период. А исто така овој чекор на никој начин не претставува закана за безбедносните елементи на НАТО. Доколку дојдат на дневен ред различни алтернативи и надвор од С-400, ќе ги разгледаме и нив. Еден од нив се Патриотите. Меѓутоа, САД на тоа да не гледа од видот 'ние да и дадеме Патриот на Турција, таа да се откаже од С-400'. Ние сме отворени за понуда во врска со Патриотите, меѓутоа тоа никако не значи дека ќе се откажеме од С-400.“    

Главната советничка во кабинетот на претседателот професор доктор Ѓулнур Ајбет, во своето обраќање воедно истакна дека проблемот со сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) се уште се две сфери во турско-америкаснките односи кои што треба да се решат.

Ајбет додаде дека Турција веќе нема трпение да чека по прашањето на формирањето на безбедна зона во Сирија.



Слични вести