Мевлут Чавушоглу и честита на Ан Линде за функцијата министерка за надворешни работи на Шведска

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја побара по телефон и и честита на Ан Линде која беше назначена за нова министерка за надворешни работи на Шведска

1272047
Мевлут Чавушоглу и честита на Ан Линде за функцијата министерка за надворешни работи на Шведска

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја побара по телефон новонаименуваната министерка за надворешни работи на Шведска Ан Линде и и честита за функцијата.

Според добиени информации од дипломатски извори, Мевлут Чавушоглу и Ан Линде остварија телефонски разговор.

Мевлут Чавушоглу и честита на Линде која беше назначена за нова министерка за надворешни работи на Шведска.

Инаку, на местото на Маргот Валстром која поради тоа што не можела да му оддели и посвети доволно време на своето семејство поднесе оставка на функцијата министерка за надворешни работи на Шведска, за нова министерка беше назначена Ан Линде.

Линде во 2017 година кога ја извршуваше функцијата министерка за трговија беше во посета на Иран каде што стави превез (шамија) на својата глава и така учествуваше на разговорите,поради што  беше цел на нападите на екстремно десничарите во нејзината земја Шведска. Линде тогаш на овие критики одговори со зборовите дека треба да се покажува почит кон чувствителностите на земјата домаќин.

Освен тоа Линде во 2008 година на еден панел во главниот град на Израел, Тел Авив, ги употреби зборовите „Најзначајниот предуслов за мир е Израел да стави крај на окупацијата на палестинските територии.“

Новата министерка за надворешни работи на Шведска Ан Линде во 2011 година од страна на Палестинското здружение во Шведска беше наградена со награда „Палестински пријател на годината“.

 



Слични вести