Калин: Европските земји на проблемот во регионот се сеќаваат само кога доаѓа до бегалски бран

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин ги критикуваше европските земји по прашањето на сириската криза и укажа на тоа дека европските земји на проблемот во регионот се сеќаваат само кога доаѓа до бегалски бран

1271973
Калин: Европските земји на проблемот во регионот се сеќаваат само кога доаѓа до бегалски бран

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин кој во главниот град на Германија, Берлин,  учествува на еден состанок посветен на Либија во говорот што го одржа овде ги критикуваше европските земји по прашањето на сириската криза и укажа на тоа дека европските земји на проблемот во регионот се сеќаваат само кога доаѓа до бегалски бран.

Привлекувајќи внимание на сето тоа што го направи и прави Турција за Сирија, Калин рече: „Турција не може сама да го сноси товарот на Сирија. Ниту политичкиот товар, ниту бегалскиот товар. Тогаш на ум доаѓа прашањето каде е Европската унија. И Европа треб ада одигрува поактивна улога во решавањето на оваа криза.“

Ибрахим Калин во својот говор на состанокот се осврна и на судирите во Либија во врска со што рече: „Во првиот чекор, првенствено треба да созреат условите за  ставање во примена на прекинот на огнот предложен од страна на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Гасан Саламе. Ние сметаме дека тоа може да се оствари.“

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин напомена дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе оствари разговори по прашањето за време на неговото учество на Генералното заседание на Обединетите нации (ОН).



Слични вести