Ердоган: Доколку за две недели не се постигне одреден резултат ќе ги активираме сопствените планови

Претседателот Ердоган истакна дека доколку за две недели не произлезе одреден резултат по прашањето на безбедната зона во северниот дел на Сирија, Турција ќе ги активира сопствените планови за операција.

1271797
Ердоган: Доколку за две недели не се постигне одреден резултат ќе ги активираме сопствените планови

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган присуствуваше на церемонијата на отворање на новата академска  година 2019-2020 во високото образование којашто се одржа во Конгресниот и културниот центар „Миллет“ (Народ) во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара. 

Во говорот што го одржа овде претседателот Ердоган, направи проценка на случувањата кои што се доживуваат по прашањето на безбедната зона во севенриот дел на Сирија за што се разговара со Соединетите Американски Држави (САД).

Ердоган истакна дека доколку за две недели не произлезе одреден резултат по прашањето на безбедната зона во северниот дел на Сирија, Турција ќе ги активира сопствените планови за операција. 

„Доколку за две недели оттука не произлезе одреден резултат, ќе ги активираме нашите сопствени планови за операција. Случувањата до коишто ќе дојде во наредните месеци ќе бидат детерминирачки во однос на тоа дали сириската криза ќе се реши во спокојство или пак ќе се продлабочи. Со доведување во безбедна состојба на источниот дел на реката Еуфрат овде поврзано со длабочината на безбедната зона би можеле да населиме 2 до 3 милиони сириски бегалци кои се уште се наоѓаат во нашата земја и кои живеат во Европа.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Ердоган го подвлече и следното: „Од европските земји чекаме многу посилна поддршка како по прашањето на Идлиб, така и по прашањето на источниот дел на Еуфрат. Веќе празните зборови не не нахрануваат.“



Слични вести