Турција го осуди нападот на предизборниот митинг на авганистанскиот претседател Ешреф Гани

МНР на Турција соопшти дека со големо жалење е дочекана веста за реализираниот бомбашки напад за време на предизборниот митинг на претседателот Ешреф Гани во градот Чарикар во Авганистан во кој има голем број загинати и ранети

1271215
Турција го осуди нападот на предизборниот митинг на авганистанскиот претседател Ешреф Гани

Турција го осуди бомбашкиот напад на предизборниот митинг претседателот Ешреф Гани во градот Чарикар во Авганистан во кој загинаа и се ранети голем број лица.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дочекана веста за реализираниот бомбашки напад за време на предизборниот митинг на претседателот Ешреф Гани во градот Чарикар во Авганистан во кој има голем број загинати и ранети.

Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме терористичкиот напад за кој станува збор чија цел е демократскиот процес во Авганистан, на загинатите во нападот им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до пријателската авганистанска влада и братскиот авганистански народ на чело со претседателот Гани, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување. Посакуваме процесот на претседателските избори да се одвива во средина на мир и безбедност.“

Инаку, во реализираниот самоубиствен бомбашки напад денеска за време на предизборниот митинг во градот Чарикар во Авганистан на кој учествувал и претседателот Ешреф Гани животот го загубија најмалку 26 лица, а 42 лица се ранети од кои некои потешко.



Слични вести