Реакција од МНР на Турција против расистичкиот напад врз турската одбојкарска екипа во Солун

Портпаролот на МНР Хами Аксој истакна дека нападот врз женската ракометарска екипа Муратпаша Беледијеспор на натпреварот со ПАОК во Солун, во Грција, го изнесе на виделина вистинското лице на екстремно националистичките и расистичките средини

1271351
Реакција од МНР на Турција против расистичкиот напад врз турската одбојкарска екипа во Солун

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање до Министерството во врска со кризата со знамето што се појави на ракометарскиот натпревар помеѓу женските екипи на турски Муратпаша Беледијеспор и грчки ПАОК во Солун. 

Аксој истакна дека нападот врз женската ракометарска екипа Муратпаша Беледијеспор во Солун, во Грција, го изнесе на виделина грозното лице на екстремно националистичките и расистичките средини.

Портпаролот Хами Аксој во објавеното писмено соопштение во врска со прашањето го истакна следното: "Настанот којшто се случи на ракометарскиот натпревар помеѓу Муратпаша Беледијеспор и ПАОК во Солун, уште еднаш го изнесе на виделина грозното лице на екстремно националистичките и фанатизирани средини во Грција коишто се настроени против Турција. Спротивно на однапред донесените одлуки помеѓу двете екипи за избегнување од затегнатост за време на играта, никако не го прифаќаме тоа што кога на теренот го имаше грчкото знаме е спречено поставувањето на турското знаме. Уште еднаш ги повикуваме надлежните органи на Грција да ги преземат сите потребни мерки со цел да се забрани учеството на спортските организации на навивачите непријатели на странци и на страната на насилство."

Од друга страна, и Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу објави порака со осуда покажувајќи реакција против извршениот расистички напад врз турската женска ракометарска екипа Муратпаша Беледијеспор на натпреварот со грчки ПАОК во Солун, во Грција.



Слични вести