„Турција, Русија и Иран се во целосна согласност во точката на изнаоѓање трајно решение во Сирија“

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е во целосна согласност со Русија и Иран во точката на изнаоѓање трајно решение во Сирија по прашањето на одбраната на политичкото единство и територијалниот интегритет на оваа земја

1270563
„Турција, Русија и Иран се во целосна согласност во точката на изнаоѓање трајно решение во Сирија“

Денеска Анкара беше домаќин на трилатералниот самит Турција-Русија-Иран посветен на Сирија.

Лидерите на трите земји претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани во рамките на трилатералниот самит што се одржа во дворецот Чанкаја, во Анкара, одржаа заеднички состанок за претставниците на печатот.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека самитот претставува единствена иницијатива која што може да произведува влијателни решенија и да фрла конкретни чекори за гаснење на пожарот во Сирија.

Тој напомена дека Турција е во целосна согласност со Русија и Иран во точката на изнаоѓање трајно решение во Сирија по прашањето на одбраната на политичкото единство и територијалниот интегритет на оваа земја. 

Велејќи дека лично верува оти самитот во Анкара ќе му придаде нов здив на процесот од Астана, Ердоган рече: „Се наоѓаме во период кога треба да преземеме поголема одговорност и повеќе да ја ставиме својата рака под камен за постигнување мир во Сирија. Ќе го пресушиме терористичкото мочуриште во источниот дел на реката Еуфрат и нашите напори во оваа насока заедно ќе ги пренесеме кон еден нов степен.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека ќе бидат разгледани ситуацијата на теренот на чело со онаа во подрачјето на градот Идлиб, случувањата кои што се доживуваат во источниот дел на реката Еуфрат, степенот до кој што е дојдено во политичкиот процес во Сирија и прашањето со сириските бегалци.

„Терористичкиот напад (во недела) чија цел беше болницата во Чобанбеј, уште еднаш го покажа ѕверското лице на сепаратистчко-терористичката организација ПКК.“ порача претседателот Ердоган.

Иранскиот претседател Хасан Рухани пак, рече: „Иран верува дека сириската криза би можела да се реши само со политички патишта и дека тоа ќе се оствари со учество на сирискиот народ.“

Рухани го подвлече и следното: „Не е легитимно САД да располагаат со свои војници во Сирија, силите на САД што поскоро треба да го напуштат регионот.“

Последен за збор се јави рускиот претседател Владимир Путин кој во своето обраќање го истакна следното: „Со нашите заеднички напори е воспоставена стабилноста и е намалено насилството во Сирија. Фрливме чекор за решавање на хаосот во Сирија.“



Слични вести