Трилатерален самит за Сирија во Анкара меѓу Турција, Русија и Иран
На денешниот петти трилатерален самитот посветен на Сирија ќе се состанат лидерите на трите земји, Турција, Русија и Иран; Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани

Денеска (16 септември 2019 година, понеделник) во Анкара ќе се одржи петтиот трилатерален самит Турција-Русија-Иран.
На самитот посветен на Сирија ќе се состанат лидерите на трите земји, Турција, Русија и Иран; Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин, Владимир Путин и Хасан Рухани.
Во објавеното соопштение од Одделот за комуникации на кабинетот на претседателот во врска со денешниот петти трилатерален самит кој што ќе се одржи во форматот од Астана, се истакнува дека на самитот во дворецот Чанкаја во Анкара ќе биде направена проценка на случувањата во Сирија, на чело со оние во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на оваа земја, ставањето крај на средината на судири, обезбедувањето на потребните услови за доброволно враќање на бегалците и заедничките чекори коишто ќе бидат фрлени за изнаоѓање на соодветно политичко решение.
По повод денешниот трилатерален самит, лидерите на Турција, Русија и Иран; Реџеп тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани, ќе остварат и билатерални средби на кои се предвидува да бидат разгледани и билатералните односи, како и актуелни регионални и меѓуанродни случувања.
Слични вести
