Трилатерален самит во Анкара посветен на Сирија: Средба помеѓу Путин и Рухани

Пред трилатералниот самит во Анкара посветен на Сирија продолжуваат билатералните средби меѓу тројцата лидери во чии рамки се остварува и средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани

1270471
Трилатерален самит во Анкара посветен на Сирија: Средба помеѓу Путин и Рухани

Денеска во Анкара се одржува петтиот трилатерален самит Турција-Русија-Иран.

На самитот посветен на Сирија ќе се состанат лидерите на трите земји, Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин, Владимир Путин и Хасан Рухани.

Во објавеното соопштение од Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот во врска со денешниот петти трилатерален самит кој што ќе се одржи во форматот од Астана беше истакнато дека ќе биде направена проценка на случувањата во Сирија, на чело со оние во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на оваа земја,  ставањето крај на средината на судири, обезбедувањето на потребните услови за доброволно враќање на бегалците и консултациите на заедничките чекори кои што ќе бидат фрлени во наредниот период, а со цел изнаоѓање на соодветно трајно политичко решение.

Пред трилатералниот самит во дворецот Чанкаја во Анкара, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин на овој значаен самит оствари одделни средби со иранскиот претседател Хасан Рухани и рускиот претседател Владимир Путин.

Ердоган најпрвин се состана со Рухани, а потоа и со Путин.

Потоа се состанаа рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани.

По оваа средба пак, лидерите на трите земји, Турција, Русија и Иран (Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани), ќе преминат на трилатералниот самит.

Ердоган, Путин и Рухани ќе разговараат за последните случувања во Сирија.



Слични вести