Потпретседателот Октај го проколна терористичкиот напад во Чобанбеј во Сирија

Потпретседателот Фуат Октај во својата објава на Твитер истакна дека Турција ќе ја продолжи со одлучност борбата против тероризмот, како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата

1270071
Потпретседателот Октај го проколна терористичкиот напад во Чобанбеј во Сирија

Потпретседателот Фуат Октај на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со реализираниот терористички напад со возило натоварено со бомби во близина на болницата во месноста Чобанбеј во северниот дел на Сирија, веднаш во непосредна близина на границата со Турција.

Октај во својата објава истакна дека Турција ќе ја продолжи со одлучност борбата против тероризмот, како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.

Потпретседателот Фуат Октај го проколна извршениот терористички напад во Чобанбеј кој загинаа 12 цивили, а голем број беа ранети и го напиша следното: „Тероризмот нема своја нација, тој цели против целото човештво. Ние како Турција ќе ја продолжиме со одлучност нашата борба против тероризмот, внатре во границите на нашата земја и надвор преку границата.“



Слични вести