Мевлут Чавушоглу: Турција ќе ја брани до крај праведната палестинска кауза

Мевлут Чавушоглу во својата објава што ја сподели на Твитер, на турски и на англиски, истакна дека Турција ќе ја брани до крај праведната палестинска кауза

1270005
Мевлут Чавушоглу: Турција ќе ја брани до крај праведната палестинска кауза

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во градот Чеда во Саудиска Арабија учествуваше на состанокот на вонредниот Совет на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) кој што се одржа за разгледување на изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со анектирањето на Јорданската долина и незаконските доселенички станови на Западниот Брег. 

Чавушоглу по своите изјави на состанокот во Џеда, на својата сметка на социјалната мрежа Твитер направи проценка и на критиките кои што беа упатени против Турција, при што истакна дека Турција ќе ја брани до крај праведната палестинска кауза.

Мевлут Чавушоглу во својата објава на Твитер, на турски и на англиски, го напиша следното: „Оние кои се вознемирени од нашите денешни изјави ги масакрираат брутално нашите палестински браќа без да прават разлика и меѓу децата, подло вршат државен трероризам пред очите на целиот свет и без да се срамат се обидуваат да го напаѓаат нашиот претседател. Ќе ја браниме до крај праведната кауза!“ 

Инаку, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во својот говор што го одржа вчера на  состанокот на вонредниот Совет на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС), во врска изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе анектира еден дел од Западниот Брег,го рече следното: „Оваа срамна изјава претставува подла иницијатива во правец на добивање на неколку гласови повеќе на парламентарните избори кои што наближуваат, а по цена на уништување и на надежите за постигнување траен мир на Блискиот исток.“  

Чавушоглу напомена дека Израел кој е охрабрен со отворената поддршка која што му се дава од страна на некои земји, продолжува со своите агресивни политики на колективно казнување, кои што дури почнаа да се претвараат во расистички режим на апартхејд.

Вчера пак, израелскиот министер за надворешни работи Јисраел Кац во објавеното соопштение преку социјалната мрежа Твитер употреби обвинувачки изјави против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести