МНР на Турција ги осуди нападите врз нафтените постројки на Саудиска Арабија
„Ги осудуваме нападите за кои што беше соопштено дека се реализирани со беспилотни летала врз две одделни постројки на државната нафтена компанија на Саудиска Арабија 'Сауди Арамко'.“ - се вели во соопштението на МНР на Турција

Турција ги осуди реализираните напади врз нафтените постројки на државната нафтена компанија на Саудиска Арабија „Сауди Арамко“.
Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува следното: „Ги осудуваме нападите за кои што беше соопштено дека се реализирани со беспилотни летала врз две одделни постројки на државната нафтена компанија на Саудиска Арабија 'Сауди Арамко'. По тој повод повторно го нагласуваме значењето да се избегнува од секој провокативен чекор кој што ќе им наштети на безбедноста и стабилноста во регионот и Заливот.“
Инаку, беше соопштено дека се појавил пожар по реализираните напади со две наоружани беспилотни летала вчера утрото рано во 04:00 часот по локално време врз два фабрики во сопственост на националната нафтена компанија на Саудиска Арабија „Сауди Арамко“.
Во врска со нападите со наоружани беспилотни летала во кои немаше загинати или ранети не беше обвинета ниту една страна, додека Хусите во објавеното писмено соопштение алудираа на тоа дека нападите ги извршиле тие.