Анкара утре ќе биде домаќин на тројниот самит Турција-Русија-Иран

Утре во Анкара ќе се одржи петтиот троен самит меѓу Турција, Русија и Иран на кој ќе се состанат претседателите на трите земји, Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин, Хасан Рухани

1269753
Анкара утре ќе биде домаќин на тројниот самит Турција-Русија-Иран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани утре (16 септември, 2019 година, понеделник) ќе се состанат во Анкара.

На петтиот троен самит во форматот од Астана кој што ќе се одржи утре во дворецот Чанкаја, ќе биде направена проценка на случувањата во Сирија, на чело со оние во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на оваа земја. 

На самитот ќе бидат поставени на дневен ред ставањето крај на средината на судири во Сирија, обезбедувањето на потребните услови за доброволно враќање на бегалците и заедничките чекори коишто ќе бидат фрлени за, изнаоѓање на соодветно политичко решение.

На самитот ќе биде поставено на дневен ред и безбедната зона којашто ќе се формира во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, а воедно ќе бидат остварени и билатреални разговори меѓу лидерите на трите земји, Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани.

По утрешниот троен самит, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на крајот на овој месец ќе замине за Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) каде што на маргините на Генералното заседание на Обединетите Нации ќе се состане и со американскиот претседател Доналд Трамп.

На тој начин одлуките кои што ќе бидат донесени на утрешниот троен самит во Анкара ќе се одразат и на средбата на Ердоган и Трамп во Њујорк.



Слични вести