Средба на началниците на генералштабовите на Турција и САД, Ѓулер и Данфорд во Љубљана

Началниците на генералштабовите на Турција и САД, генерал на армија Јашар Ѓулер и генерал Џозеф Данфорд се состанаа во главниот град на Словенија, Љубљана, на маргините на состанокот на генералштабовите на земјите членки на НАТО

1269498
Средба на началниците на генералштабовите на Турција и САД, Ѓулер и Данфорд во Љубљана

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер се состана со началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд. 

На средбата генерал на армија Јашар Ѓулер ги достави до својот американски колега генерал Џозеф Данфорд познатите погледи и очекувања на Турција во врска со безбедната зона.

Во објавеното соопштение на интернет на страницата на Министерството за национална одбрана се истакнува дека на маргините на состанокот на началниците на генералштабовите на НАТО во главниот град на Словенија, Љубљана, е остварена билатерална средба помеѓу началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд.

Како што се истакнува началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер на средбата освен безбедносните прашања на НАТО ги доставил познатите погледи и очекувања на Турција во врска со безбедната зона за која се планира да се формира во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија.



Слични вести