Состанок за политички дијалог меѓу Турција и ЕУ во Брисел

На состанокот беа разгледани низа прашања кои што се наоѓаат на дневниот ред на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)

1269165
Состанок за политички дијалог меѓу Турција и ЕУ во Брисел

Состанокот за политички дијалог меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) на ниво на политички директори се одржа во главниот град на Белгија Брисел.

Делегацијата на Турција ја предводеше заменик министерот за надворешни работи и претседател за ЕУ амбасадорот Фарук Кајмакџи, додека на чело на делегацијата на Европската унија (ЕУ)  беа заменик генералниот секретар на службата на ЕУ за надворешни работи Жан Кристоф Белард и генералниот директор за соседски политики и проширување на Европската комисија Кристиан Даниелсон.

На состанокот беа разгледани низа прашања кои што се наоѓаат на дневниот ред на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Притоа беа разменети мислења во врска со основни наслови кои што се наоѓаат на дневниот ред меѓу Турција и ЕУ, а како што се пред се процесот на пристапување на Турција кон ЕУ, Царинската унија, финансиската соработка, програмите на Унијата, Дијалогот за визна либерализација,  иелгалната миграција и борбата против тероризмот.

На состанокот беше привлечено внимание на значењето на единството на Турција и Европската унија (ЕУ) во овој критичен период кога се случуваат значајни промени во меѓународниот систем, а исто така беше нагласено дека интензивирањето на соработката и дијалогот меѓу Турција и ЕУ е значајно не само од аспект на страните, туку и од аспект на воспоставувањето на просперитетот и мирот на еден широк простор.

 



Слични вести