„Искомплицираните проблеми можат да се решат само со силен дијалог меѓу муслиманските земји“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека искомплицираните проблеми во регионот можат да се решат само со солидарност, соработка и силен дијалог меѓу муслиманските земји

1269089
„Искомплицираните проблеми можат да се решат само со силен дијалог меѓу муслиманските земји“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара се состана со заменик министерот за надворешни работи на Малезија Дато Марзуки Бин Јахја кој воедно е член на Консултативниот совет на Самитот во Куала Лумпур, потоа со Манучехр Мутаки, координаторот на Комитетот Хамиде Еффорт и еден од поранешните ирански министри за надворешни работи, со членовите на Комитетот Хамиде Еффорт и со Камарул Мохд Фаизал, претседателот за надворешни односи на Самитот во Куала Лумпур.

На средбата стана збор за подготовките за Самитот во Куала Лумпур.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со средбата го напиша следното: „Искомплицираните проблеми во нашиот регион би можеле да ги решиме само со солидарност, соработка и силен дијалог меѓу муслиманските земји.“

 



Слични вести