Турција ги зајакнува своите набљудувачки воени пунктови во подрачјето на Идлиб, во Сирија

Со цел зајакнување на набљудувачките воени пунктови на Турција во Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, се испратени голем број оклопни возила, воен персонал, оклопни транспортери и градежни машини

1268343
Турција ги зајакнува своите набљудувачки воени пунктови во подрачјето на Идлиб, во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на своите набљудувачки воени пунктови во Зоната за намалување на затегнатоста (деесекалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, испратија воен конвој составен од голем број оклопни возила, воен персонал, оклопни транспортери и градежни машини. 

Воениот конвој е испратен со цел зајакнување на набљудувачките воени пунктови во ова подрачје.

Инаку, во подрачјето на градот Идлиб, односно „Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб“, во рамките на постигнатите договори во Астана има 12 набљудувачки воени пунктови на Турските вооружени сили (ТВС или TSK).

Подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија уште од самиот почеток на граѓанската војна во оваа земја, е познато како упориште на опозиционерите. Идлиб во март 2015 година премина под контрола на опозиционерите и заедно и со внатрешните раселувања бројот на населението овде  достигна до 4 милиони. Идлиб се наоѓа на чело на подрачјата кои што се подложени на најжестоките напади на режимот. 

Од постигнатата спогодба помеѓу Турција и Русија на 17 септември во рускиот град Сочи во нападите на сирискиот режим и Русија загинаа вкупно 1.282 цивили од кои 219 жени и 341 дете.

Според добиени информации од Координацијата за интервенција на Сирија, која ги следи и собира податоците за процесот на раселување во „Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб“; од 17 септември 2018 година кога беше потпишана спогодбата за Идлиб помеѓу Турција и Русија, досега во подрачјето се раселени 1 милион 42 илјади цивили.



Слични вести