Со одлучност продолжуваат операциите против терористите

Турските безбедносни сили ги продолжуваат операциите против терористите надвор преку границата и внатре во границите на терористите

1268001
Со одлучност продолжуваат операциите против терористите

Непрекинато продолжуваат  операциите против терористите како надвор од земјата, преку границата, така и внатре во границите на земјата.

Во операција поддржана од воздух реализира од страна на градската команда на жандармеријата во руралното подрачје на населеното место Шенјајла кај градот Муш, се неутрализирани тројца вооружени терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Освен тоа, во операцијата се пронајдени и запленети и експлозивна направа од рачна изработка и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите во подрачјето.

Во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Чукурџа кај градот Хаќќари пак, се неутрализирани двајца терористи. 

Од друга страна, во градот Мардин се фатени двајца членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле испратени за реализирање бомбашки напади во големите градови и за подметнување шумски пожари.

Со дешифрирање на активностите на терористичката ПКК/КЏК за реализирање на терористички акции вчера беше реализирана антитерористичка операција.

За време на операцијата во градот Мардин беа фатени двајца терористи кои од страна на терористичката организација ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ биле испратени за реализирање терористички акции во Турција.

Како што се дознава, било установено дека фатените терористи се подготвувале да реализираат бомбашки напади и да подметнат шумски пожари.

Фатените терористи беа изнесени пред суд каде што беа уапсени и ставени во затвор.

Во реализирана антитерористичка операција во населеното место Ѓурпинар кај градот Ван пак, во 3 утврдени засолништа се пронајдени муниција и голема количина материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Во рамките на операцијата беа уништени засолништата и запленетите материјали на терористите.



Слични вести