Мевлут Чавушоглу: Кон Турскиот совет ќе се приклучат и Узбекистан и Туркменистан
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека Узбекистан донел одлука за приклучување кон Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет т.ј. Турскиот Кенеш) и дека и Туркменистан сака да стане член набљудувач

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својот говор на 105. сесија од програмата курс за кајмаками истакна дека на 16 октовмри ќе се одржи Самит на Турскиот совет (Советот за соработка на туркофонските земји), односно Турскиот Кенеш (Türk Keneşi) кој што е формиран за турскиот свет.
Притоа Чавушоглу информира дека Узбекистан донел одлука за приклучување кон Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет т.ј. Турскиот Кенеш) и дека и Туркменистан сака да стане член набљудувач.
Велејќи дека Узбекистан одлучил да се приклучи кон Турксиот совет и го доставил своето официјално барање за тоа, Чавушоглу напомена дека биле испратени документите до оваа земја за нејзино пристапување и дека ќе биде заокружена официјалната постапка по ова прашање.
„За прв пат добивме позитивен сигнал од Туркменистан. Ни рекоа дека сакаат да започнат како член набљудувач.“ - рече Чавушоглу.
Тој информира дека генералниот секретар на Турскиот совет (Турскиот Кенеш) казачкиот амбасадор Багдад Амреев и неговиот помошник ќе заминат за Туркменистан и нагласи дека овој совет ќе стане значаен регионален актер.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потсети дека на одржаниот самит минатата година во Исик Кул Унгарија стана член набљудувач и додаде дека со учество на министрите за надворешни работи на останатите земји членки на 19 септември во Будимпешта ќе биде отворен Европскиот центар на Турскиот совет.
Слични вести

Ердоган: „До крајот на 2023 планираме да завршиме 150 подземни брани“
Се надевам дека во Дијарбакир нема да оставиме ниту еден сантиметар земја без вода