Мас: ЕУ ќе ги исполни своите обврски од постигнатиот договор со Турција по прашањето со мигрантите

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека Европската унија (ЕУ) ќе ги исполни своите обврски од постигнатиот договор со Турција по прашањето со мигрантите

1268386
Мас: ЕУ ќе ги исполни своите обврски од постигнатиот договор со Турција по прашањето со мигрантите

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во Берлин се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров.

По остварената средба двајцата шефови на дипломатии Мас и Димитров одржаа заедничка прес конференција.

Овде германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека Европската унија (ЕУ) ќе ги исполни своите обврски од постигнатиот договор со Турција по прашањето со мигрантите.

Тој воедно напомена дека со загриженост се следи порастот во бројот на мигрантите кои пристигнуваат во Европа.

Велејќи дека оваа недела остварил телефонски разговор со својот колега, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Хеико Мас рече: „Овде, укажав на тоа дека Европската унија (ЕУ) ќе ги исполни своите обврски во контекст на постигнатиот договор меѓу ЕУ и Турција.“

Мас пренесе дека со Чавушоглу оствариле конструктивен разговор и додаде дека претпоставуваат оти чекор по чекор ќе се нормализира состојбата со мигрантите.

Од друга страна, да потсетеме дека германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров на одржаната заедничка прес конференција, воедно порачаа дека се исполнети сите предуслови и барања за Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.

Мас рече: „Не гледам воопшто никакви пречки за почеток на преговорите со Северна Македонија. Она што беше сторено во реформскиот процес е забележително. Предусловите за почеток на преговорите се усполнети и затоа се залагаме за нивно започнување, како во Бундестагот, така и кај нашите партнери во Европската унија (ЕУ).“

 



Слични вести