Во операција на планината Кандил на 29 август се неутрализирани две водечки терористки на ПКК

Во реализирана заедничка воздушна операција на Националната разузнавачка служба (МИТ и Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 19 август на планината Кандил, на северот на Ирак, се неутрализирани две водечки терористки на ПКК

1267490
Во операција на планината Кандил на 29 август се неутрализирани две водечки терористки на ПКК

Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 19 август реализираа заедничка воздушна оперција на еден објект на планината Кандил во северниот дел на Ирак, кој бил користен за активностите за обука на сеопаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Внатре во уништениот објект во операцијата, се наоѓале и две терористки од водечкиот кадар на терористичката организација и тоа Ѓулузар Турал позната под кодното име „Пелшин Толхилдан“ член на таканаречениот Извршен совет на ПКК/КЏК која се наоѓала на списокот на барани терористи во категоријата означена со црвена боја и Салиха Кајтар позната под кодното име „Жијан Гарзан“ членка на Извршниот совет како највисок одлучувачки орган на терористичката организација.

Како што се дознава Ѓулузар Турал пристапила кон редовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во 1993 година, извесно време делувала во подрачјата на градовите Ерзинџан и Тунџели и добила обука за саботажа.

Терористката Салиха Кајтар пак, делувала во Русија, во март 2011 година заминала за планината Кандил и заземала место во Извршниот совет на ПКК/КЏК во организационата шема на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести