Чавушоглу: „Изборните ветувања на Нетанјаху се ветувања на расистичка апартјехд држава“

Нетанјаху и на локалните избори на 9 април го објави истото соопштение

1267216
Чавушоглу: „Изборните ветувања на Нетанјаху се ветувања на расистичка апартјехд држава“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу преку социјалната мрежа твитер остро реагираше на предизборното ветување на израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху во врска со анексијата на Западниот брег за изградба на незаконските еврејски населби.

„Објавувањето овој вид незаконски, неправни и агресивни пораки пред изборите претставува став на една расистичка и апартхејд држава. Турција до крај ќе ги брани правата на палестинските браќа“ рече Чавушоглу.

Израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху на прес конференцијата пред предвремените избори планирани за 17 септември рече дека во случај повторно да биде избран, за кратко време во координација со американската администрација ќе ја анексираат долината на Јордан во Западниот брег.

Нетанјаху и на локалните избори на 9 април го објави истото соопштение дека во случај да победи на изборите и формира коалициона влада ќе ја анексира долината Јордан. Амбасадорот на САД во Израел Дејвид Фридман со изнесувањето на тврдењето дека Израел има право да анексира некои делови до Западниот брег, му изрази поддршка на Нетанјаху.

На окупираните територии во Западниот брег од страна на Израел во 1967 незаконски се изградени над 250 еврејски населби каде што се сместени околу 400 илјади Евреи.  

Според меѓународното право, сите населби и објекти изградени на окупираните територии се сметаат за незаконски.



Слични вести